Благодарност до сите што присуствуваа и ја поддржаа нашата приказна! Вашата доверба е наша инспирација за понатамошен раст и успех! 🌟
Во среда, на 06.11.2024 година, со свечен коктел, го одбележавме отворањето на новите деловни простории на Smart Invest Group! Нашиот нов простор на ул. Филип II Македонски бр. 11, локал 5 во Скопје, беше исполнет со пријатна атмосфера, пријатели и партнери.
На настанот присуствуваа нашите деловни партнери, сегашни и идни клиенти, на кои им ја претставивме нашата визија и новите можности што ги нудиме. Гостите ги дочекавме со обиколка низ просториите, а управителот на Smart Invest Group, г. Александар Тодосиев, со краток говор ја отвори оваа нова страница на нашиот успех:
„Чест и задоволство ни е што можевме да ги претставиме нашите идни проекти и нашиот поглед кон иднината, наша гордост е нашата мрежа на компании која ја градиме со нашите деловни партнери. Позади нашата идеја стои посветен и мотивиран тим, кој расте и се развива паралелно со компанијата и заеднички се носи со сите предизвици кои за нас претставуваат мотив плус“
Благодарност до сите што присуствуваа и ја поддржаа нашата приказна! Вашата доверба е наша инспирација за понатамошен раст и успех! 🌟