Наградени цртежи
Покрај главните победници, одбравме и два цртежи кои носат посебна хуманитарна порака и поттикнуваат на размислување и сочувство. Честитки до овие млади уметници кои преку својата креативност внесоа длабока порака во своите дела!
👏 Признание за најхуманитарна порака добиваат:
🖌️Нина Петрушевска - „Јас и моите паметни другарчиња- летаме змај на зајдидонце во планина заедно со нашето другарче со посебни потреби, со цел да ја исполниме неговата роденденска желба“
🖌️ Мартин Наумовски - „Јас и моите другарчиња ќе продаваме лимонада, ќе собираме пари и ќе ги донираме во болницата, да им помогнеме на болните дечиња, во иднина наши нови другарчиња да оздрават!“
Ви благодариме што преку уметноста нè потсетувате на важноста од грижа и поддршка за сите околу нас. Вашите дела се инспирација! 💫❤️