Неодамна во Скопје се отворија новите канцеларии на Smart Invest Group, групација на македонски компании кои работат во делот на инвестиции во недвижнини. Александар Тодосиев, управител на Smart Invest Group во интервју за Економија и Бизнис ги сподели своите ставови на тема инвестирање, сигурноста на инвестираните средства, како и можноста за капитална добивка во вложување во реални проекти кои ги нуди Smart Invest Group.
1.Што претставува Smart Invest Group?
SMART INVEST GROUP е просперитетна и влијателна инвестициска групација која делува во разнообразни сегменти на македонскиот бизнис и општество. Нашата уникатност произлегува од вклучувањето на искусни и реномирани македонски компании со повеќе од две децении искуство во областа на градежништвото, ИТ-технологијата, финансиите и банкарството, трговијата и угостителството, медиуми, маркетинг, печатарска индустрија и се што е поврзано со области на сигурни и стабилни инвестиции. На нашата веб-страна www.sigroup.mk можете подетално да се запознаете со партнерите кои се дел од нашата групација.
2. Smart Invest Group, е нешто ново на пазарот, Ве молам објаснете повеќе за можноста за инвестирање и за заработка која ја нуди Вашата групација?
Smart Invest Group претставува алтернативен и паметен начин на инвестирање кој за првпат се појавува во Македонија!
Ние покрај тоа што се занимаваме со градежништво, односно проектирање и изведба на “паметни” станбени згради во кои се вградени најсовремени дигитални решенија кои уреди меѓусебно комуницираат и обезбедуваат „интелигентно“ следење на сите аспекти во домот, преку нашата Crowdfunding платформа обезбедуваме можностграѓаните да станат ко-инвеститори во нашите проекти.
Тоа е новитет на нашиот пазар за транспарентно поврзување на инвеститори кои се заинтересирани за пласман на своите слободни средства, односно одлична можност за физички и правни лица да инвестираат во проектите и за своите инвестиции да добијат загарантирана капитална добивка од 9% (за краткорочните) и 10% (за среднорочните проекти) на годишно ниво.
Во пракса тоа значи дека ако некое лице инвестира 10.000 евра во некој од нашите проекти (на пример проектот/станбената зграда X9 која се наоѓа во Скопје), проект кој започна на 15 Октомври 2024 година и ќе трае 3 години, до 15 Октомври 2027 година, тогаш инвеститорот ќе добие максимална капитална добивка од 30% за целиот период, односно 10% на годишно ниво. Во пари, тоа значи дека инвеститорот за тие 3 години вкупно ќе заработи 3.000 евра. Дополнително, инвеститорот не треба да чека да се комплетира проектот за да ја добие капиталната добивка заедно со инвестираната сума, туку капиталната добивка му ја исплаќаме секој месец на неговата трансакциска сметка додека трае проектот, која изнесува 83,3 евра бруто во денарска противвредност.
Овој концепт веќе подолго време функционира во западноевропските земји и САД, а од неодамна и во Србија.
3. Зошто според Вас е паметно да се инвестира во недвижнини?
Низ годините видовме дека цената на недвижнините е во постојан раст, и тоа не само во Македонија, туку и во регионот, Европа, и воопшто на светско ниво. Од 2020 година до денес, само за 4 години, цената на м2 во Македонија е порасната над 30%, додека на одредени локации цената е порасната двојно, односно за 100%. Податоците на Народна банка покажуваат дека намалувањето што се најавуваше за 2024 година не се случи, туку само забави растот на цените на становите. Така на пример, ако растот на цените во претходните 2 години по квартали се движеше помеѓу 11-22%, во последно анализираниот квартал (Јули-Септември 2024 година) цената на м2 во Скопје порасна за 8%.
Покрај ова, ако се земе во предвид дека најчести производи кои ги пласираат банките кај населението се станбените кредити, каде како гаранција во 90% се јавуваат станбени единици и тоа по пазарна вредност, тоа е уште еден индикатор дека цената на становите е стабилна и тоа мало стабилизирање на цените кое се очекува во следниов период нема да направи никава штета во веќе реализираните инвестиции во ова поле.
Врз основа на наведеното лесно може да се заклучи дека инвестиција во стан/недвижнина е паметна одлука и секоја инвестиција поврзана со недвижнина како гаранција е сигурна, стабилна и исплатлива инвестиција.
Главната разлика помеѓу купувањето стан и инвестирањето кај нас е во периодот на враќање на инвестицијата, т.н. ROI (Return of Investment). Ако повратот на инвестицијата за купување на стан се движи околу 20-25 години, ROI-то кај нас е 10 години! Тоа значи дека заработката преку Smart Invest платформата е двојно поголема и побрза отколку купувањето на стан!
4. Kaко се обезбедува сигурност на инвестираните средства во Smart Invest Group?
Не случајно станбените згради се проектите кои ги нудиме за инвестирање на нашите клиенти. Наведената сигурност, растот на продажната цена, побарувачката и загарантираниот пласман овозможуваат сигурност и стабилност на нашите проекти, а со тоа и сигурност на луѓето кои инвестираат во нив.
Покрај недвижнината во која се инвестира, како гаранција секако стоиме и ние (Smart Invest Group) и како правно лице гарантираме за реализација на проектите со целиот наш движен и недвижен имот. Дополнително, ние сме еднинствени на пазарот каде не само Инвеститорот, туку и уште едно правно лице се јавува како Гарант, а тоа е фирмата Изведувач на тековните проекти .
Во кратки црти, тоа значи дека имаме 3 нивоа на гаранција:
Доколу се земе во предвид и цената на чинење на м2 и исплатливоста на градежните проекти, инвестицијата кај нас во нашите проекти е најсигурна, најстабилна и најисплатлива!
5. Ве молам објаснете ги чекорите за инвестирање на платформата Smart Invest Group?
Следејќи ги најновите трендови на дигитализација и автоматизација на целокупното работење и живеење во денешницава, направивме ИТ платформа која е многу лесна за користење и само во неколку чекори може буквално секој, од било каде во државава и пошироко, да инвестира.
За инвестирање потребни се само 3 едноставни чекори:
Бидејќи платформата е целосно автоматизирана, врз основа на податоците од креираниот профил се генерира Договор за соинвеститорство каде стојат личните податоци на инвеститорот, проектот во кој се инвестира, капиталната добивка која ќе ја добие од денот на инвестицијата до завршување на проектот како и гаранциите кои погоре се наведени. Генерираниот договор се потпишува со СМС код кој се испраќа на личниот мобилен телефон наведен во профилот на инвеститорот. По потпишување на Договорот, се генерира уплатница и по нејзината уплата (која исто така може да се уплати и преку електронско банкарство), Договорот и инвестицијата стануваат активни.
Целокупниот процес за инвестирање не трае повеќе од 15 минути.
6. Дали населението има интерес за инвестирање и колку средства до сега се инвестирани во Вашите проекти?
Многу сум среќен што можам гордо да објавам дека до денес во нашите проекти инвестирани се 75 милиони денари. Дел од тие средства односно 6,2 милиони денари веќе се вратени на инвеститорите како капитална добивка додека останатите се вложени во реализација на проектите. Особено ме радува податокот што 95% од инвеститорите во проектите кои веќе завршија во текот на 2024 година, ги реинвестираа своите средства во останатите 6 тековни проекти што ја потврдува сигурноста и стабилноста на нашата компанија.
7. Што им препорачувате на нашите читатели во ова време кога инфлацијата ги ,,јаде” заштедените пари, како најпаметно да ги инвестираат своите средства?
За жал инфлацијата навистина ги “јаде” парите, односно сериозно ја намалува нивната куповна моќ. Изминативе неколку години во Македонија и во регионов имавме сериозна стапка на инфлација, која значително влијаеше на намалување на куповната моќ на парите.
Поради тоа важно е паметно да се инвестираат средствата за да може соодветно да се капитализираат и не само да ја “пребродат” инфлацијата, туку и да донесат одредена заработувачка на луѓето. Ако се земе во предвид дека инфлацијата во Македонија и регионот обично се движи помеѓу 5-7% на годишно ниво, секоја инвестиција или штедење со стапка пониска од 5% de facto значи губење на вредноста на парите, односно таа добивка само ќе успее да ја анулира загубата од инфлацијата, а не да донесе и реална добивка.
Доколку се знае дека останатите финансиски институции или инвестициски фондови нудат реална и недвосмислена добивка помеѓу 3-8% на годишно ниво, тогаш Smart Invest Group со своите загарантирани и фиксни 9 и 10% на годишно ниво несомнено претставува најповолната опција за инвестирање која моментално е присутна на македонскиот пазар.
8. Кои се вашите следни планови и проекти за 2025 година?
Во насока на обезбедување на диверзитет во понудата, во моментов преговараме за нови 12 проекти низ Македонија. Идејата е луѓето кои се заинтересирани за инвестирање во недвижнини покрај во Скопје, да може да инвестираат и во останатите градови како Куманово, Тетово или Охрид. Веќе во следниов период новите проекти ќе бидат официјално објавени на нашата веб-страна и прикачени на платформата за инвестирање, при што во оваа прилика би сакал да упатам една покана до сите читатели да ги заследат нашите профили на социјалните медиуми за полесно и навремено се информирани за се.
На крајот би сакал да го најавам и нашиот нов производ кој е во моментална изработка, а тоа е можноста за “Инвестирање на рати”, што всушност претставува еден вид на паралела на детското штедење. Инвестирај на рати ќе овозможи инвестирање на помали суми на месечно ниво за која инвеститорите покрај тоа што ќе ја заштедат соодветната сума, на истата ќе добијат и соодветна капитална добивка пресметана по алгоритамот кој нашата ИТ компанија моментално го програмира.
За сите прашања кои не успеавме да ги одговориме во ова интервју Вие и Вашите читатели може слободно да не контактирате преку нашите контакт телефони и емаил адреси, а секако сите се добредојдени во нашите нови простории кои се наоѓаат во Скопје, на улица Филип Втори Македонкси бр. 11, во центарот на градот.