Инвестирајте паметно со Smart Invest Group
Smart Invest
Feb 20, 2024

Инвестирајте паметно со Smart Invest Group

До 2027 година, со заеднички сили планираме инвестиции од 11,454,168 евра во градежниот сектор и недвижнините! Придружете ни се и бидете дел од влијателните инвестиции кои ја менуваат играта на пазарот во Македонија.

SI Group Sime

 

Кои сме ние?

Smart Invest Group е влијателна инвестициска групација која делува во разнообразни сектори, обединувајќи искусни и реномирани македонски претприемачи во создавањето на проекти со значителен економски придонес.

 

Оваа мрежа ги вклучува следниве компании: БВ Бизнис Груп, Unlimited coders, Ресторан Чифлик, Марио Матео, Графо пром, ЕПС Врати и Метал, Коинг ДООЕЛ и ОХО продукција, кои заедно располагаат со значителен капитал, над 30.000.000 € со над 500 вработени лица, што ја потврдува нивната важност и влијателност на пазарот.

 

 

Што нуди нашата платформа?

Smart Invest Group нуди единствена платформа за инвестирање која ви овозможува лесно и транспарентно да инвестирате во проекти во областа на недвижен имот, инфраструктурни објекти, старт ап бизниси и слично. Нашата уникатна стратегија обезбедува пристап до проекти со висок потенцијал, додека истовремено нуди стабилност и сигурност за инвеститорите. Нашата цел е да креираме одржлива иднина за сите, преку поддршка на проекти кои создаваат иновации и просперитет.

 

За да ги разгледате сите тековни и идни проекти разгледајте ја брошурата.

 

 

Како да инвестирам?

Инвестирањето со Smart Invest Group е едноставно. Со само неколку чекори, можете да почнете да вложувате во проекти кои ветуваат висок поврат на инвестицијата. Нашата платформа ви овозможува да пребарувате, инвестирате и следите со полна сигурност.

 

Калкулаторот за пресметки е достапен на веб страната и со него можете да ја пресметате вкупната заработка во проценти, како и вкупната заработка во парична вредност за секој проект. Откако ќе одберете проект, потребно е да кликнете на копчето инвестирај” за бесплатно да се регистирате на нашата платформа. Штом профилот биде одобрен од страна на администратор, многу брзо и лесно ќе можете да ги инвестирате своите слободни средства во некои од проектите. Воедно, нашиот тим од инвестициски советници ви стои на располагање за да ве води низ сите чекори, од избор на најсоодветниот проект за вас, до завршување на инвестицискиот процес.

 

Smart Invest Group е тука за сите кои сакаат да се стекнат со одлична заработка и притоа да придонесат кон развојот на локалната економија.

 

 

Не заборавајте да се регистрирате за нашиот е-билтен за да добивате ексклузивни информации за сите проекти и следете нè на социјалните мрежи за повеќе новости.

 

 

 

Заедно можеме да постигнеме многу повеќе.

Smart Invest Group