Сè што треба да знаете за проектите во рамките на SI Construction
Smart Invest
Mar 25, 2024

Сè што треба да знаете за проектите во рамките на SI Construction

Во срцето на Smart Invest Group лежи SI Construction - нашиот специјализиран сегмент за развој и реализација на градежни проекти. Прочитај го блогот каде ги откриваме деталите околу нашата работа.

 

Што е SI Construction?

SI Construction е еден од клучните сегменти на Smart Invest Group, посветен на развој и реализација на проекти во областа на градежништвото. Оваа област претставува еден од столбовите на нашата групација, со фокус на создавање висококвалитетни, иновативни и одржливи инфраструктури.

 

Со внимателно одбрани локации и модерен дизајн, нашата цел е да креираме објекти кои ќе го подобрат начинот на живеење и ќе ја поттикнат локалната економија, а воедно ќе им обезбедат одлична заработка на инвеститорите односно на сите оние кои сакаат да се вклучат во реализацијата на проектите преку инвестирање на своите слободни средства.

 

 

На кој начин се бираат проектите и како го минимизираме ризикот?

Селекцијата на проектите се врши преку детални анализи, строга проценка и консултација со реномирани архитектонски бироа. Членовите на групацијата со децении искуство во различни индустрии одлучуваат за секој проект, со цел да се осигура максимален квалитет и рентабилност.

 

Дополнително, Smart Invest Group применува стратегиски пристап за минимизирање на ризикот, кој вклучува разновидност во инвестициското портфолио, стратегии за излез и ангажман на искусен менаџeрски и консултантски тим. Покрај тоа, нашата групација, составена осум компании, располага со значителни ресурси за поддршка на овие проекти.

 

 

Кој ги изведува градежните активности и како се финансира изградбата?

Градежните активности се изведуваат преку БВ Инжинеринг, компанија која е дел од нашата групација, што ни овозможува контрола над квалитетот и ефикасноста на изведбата на секој проект.

 

Финансирањето на нашите проекти е комбинација од внатрешни средства на групацијата, инвестиции од коинвеститори и предвремена продажба на станбени единици. Овој модел ни овозможува да останеме агилни и да ги минимизираме ризиците од секој аспект.

 

 

Со Smart Invest Group, инвестирањето е паметно, лесно и безбедно.

Нашата веб-апликација ти нуди можност да креираш бесплатен профил, да разгледаш и избереш проекти, да пресметаш потенцијална заработка и да инвестираш директно преку сигурен онлајн платежен процес.

 

Ако си подготвен/а да ја зајакнеш својата финансиска слобода и да инвестираш во проекти кои ветуваат висок принос и стабилен раст, Smart Invest Group е вистинското место за тебе.