Пасивно инвестирање преку crowdfunding платформата на Smart Invest Group
Smart Invest
Jan 30, 2025

Пасивно инвестирање преку crowdfunding платформата на Smart Invest Group

Пасивно инвестирање преку crowdfunding платформата на Smart Invest Group во четири чекори

Пасивното инвестирање претставува инвестициска стратегија која има за цел да ја максимализира капиталната добивка преку минимализирање на уделот во процесот на инвестирање. Само по себе пасивното инвестирање го одразува фактот дека не мора активно да  се бараат инвестиции,  едноставно вложувате и ја добивате капиталната добивка.

Инвестирањето во градежни проекти е правиот избор на пасивно инвестирање. Со crowdfunding платформата на Smart Invest Group обезбедивме можност граѓаните да станат ко-инвеститори во едена од Х станбените единици. Во системот  на инвестирање на Smart Invest Group, потенцираме дека инвестирањето е  во нешто видливо, нешто кое што можете да видите како се гради и развива, што дава поголема сигурност. Самиот објект и парцелата каде што се гради се гаранција за инвестираните средства, а дополнително како гаранција во самиот договор се впишува и целокупниот движен и недвижен имот на групацијата и на инвеститорот и изведувачот. Платформата е новитет на нашиот пазар која претставува линк за транспарентно поврзување на инвеститори кои се заинтересирани за пласман на своите слободни средства, односно одлична можност за физички и правни лица да инвестираат во градежни проекти. Инвестираните средства се користат за реализација на проектите, и за користење на тие средства се исплаќа капитална добивка од 9% на годишно ниво за проектите кои завршуваат за 24 месеци или 10% на годишно ниво за проектите кои е предвидено да траат над 24 месеци.

 Целиот процес на инвестирање е брз, лесен и едноставен, од вашиот smart уред. Процесот се состои од четири чекори:

1.      Прв чекор - креирање на профил

Од  компјутер, таблет или телефон посетете ја страницата https://www.sigroup.mk/register.

Во наведените полиња внесете ги бараните податоци, прифатете ги Условите за користење и кликнете на “Регистрирај се”.

На е-маил адресата која ја наведовте во делот за регистрација, ќе добиете е-маил со линк за верификација на вашиот профил.

Кликнувајќи на верификациониот линк, ќе пристапите до вашиот профил на Smart Invest Group.

2.      Втор чекор - избор во кој од Х станбените објекти сакате да инвестирате.

3.      Трет чекор – внесување на износот кој сакате да го инвестирате.

4.      Четврт чекор – договор

Врз основа на податоците од креираниот профил се генерира Договор за инвестирање на средства каде стојат личните податоци на инвеститорот, проектот во кој се инвестира, капиталната добивка која ќе ја добие од денот на инвестицијата до завршување на проектот. Генерираниот договор се потпишува со СМС код кој се испраќа на личниот мобилен телефон наведен во профилот на инвеститорот. По потпишување на Договорот, се генерира уплатница и по нејзината уплата (која исто така може да се уплати и преку електронско банкарство), Договорот и инвестицијата стануваат активни.

Процесот на инвестирање не трае повеќе од 15 минути.