Манифестацијата е отворена за сите кои го ценат креативното изразување и сакаат да го негуваат културниот развој.
На 17 и 18 мај, во селото Смилево, Демир Хисар, за прв пат ќе се одржи манифестацијата Смилевски конгрес. Оваа нова национална установа, поддржана од Министерството за култура, годинава започнува со работа фокусирајќи се да ја истакне и прослави културната и историската важност на селото.
Главната цел на настанот е да се афирмира и прослави светското културно богатство преку естетско уживање и културна размена. Програмата е наменета пред сè за младите, но и за сите љубители на авангардната сцена.
Бидејќи општествената одговорност е клучен дел од мисијата на Smart Invest Group, нашата групација ќе ја даде својата поддршка како еден од спонзорите на манифестацијата. Сакаме да ја потенцираме важноста за поддржувањето на вакви настани кои го збогатуваат и освежуваат културниот живот на заедницата. Среќни сме што имаме прилика да придонесеме кон во развојот на оваа сцена односно културното наследство во Македонија.
Сите кои се заинтересирани се поканети да го посетат Смилевскиот конгрес и да уживаат во квалитетната и богата програма. Настанот ќе понуди отворено бифе, вкусна храна, многубројни концерти на музички артисти, танцови настапи, изложба на фотографии, уметнички инсталации и интересни активности како готвење во живо.
Ова е одлична можност да се биде дел од нешто уникатно и инспиративно, да се запознаат нови луѓе и да се ужива во прекрасната атмосфера на Смилево. Не пропуштајте ја шансата да бидете дел од ова незаборавно доживување и да придонесете за неговиот успех.
Повеќе за настанот и агендата: https://fb.me/e/5kSGGIvdB