Ликовен конкурс за избор на најдобар цртеж ,,Јас и моите паметни другарчиња"
КОНКУРС - ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБРА ЛИКОВНА ТВОРБА
По повод одбележување на месецот на детско штедење , Smart Invest Group објавува
КОНКУРС
за најдобар цртеж на тема
"Јас и моите паметни другарчиња"
• Право на учество
На конкурсот можат да учествуваат ученици од основните училишта од општите на град Скопје.
Учесниците ќе бидат поделени во две категории:
I категорија – ученици од I – V .
II категорија – ученици од VI – IX одделение
Цртежите се испраќаат во оргинална форма или скенирани притоа мора да бидат убаво скенирани со одлична резолуција. Гоелмината на цртежоте треба да е во А4 формат. Цртежите не смеат да бидат дигитално обработувани.
Секој ученик на овој конкурс има право да учествува со по еден цртеж.
Изборот на најдобрите цртежи ќе го изврши стручна комисијата за оценување. Комисијата ќе даде оценка за доставените цртежи при што за нејзината работа ќе изготви извештај со листа за наградени ученици. Комисијата ќе ги објави резултатите од конкурсот најдоцна во рок од 6 (шест) дена од последниот рок за предавање на ликовните творби. За резултатите наградените ученици и училишта како и менторите ќе бидат писмено известени од страна на организаторот на конкурсот , а истите ќе бидат објавени и на веб страната на Smart Invest Group www.sigroup.mk.
• Награди
Сите пристигнати цртежи ќе бидат поделени во две групи согласно образовните периоди ( I – V одд и VI - IX одделение ). По еден цртеж односно вкупно две оргинални дела од двете категории ќе бидат наградени со Гран при според оценката на стручната комисија и една творба со I- ва награда која ќе биде оценетата од нашата публика на социјалните медиуми.
Наградените ќе добијат пофалници и вредносни ваучери за освоените награди. Пристигнатите творби ќе бидат објавени на веб-страната на организаторот на конкурсот www.sigroup.mk и на профилот на социјалниот медиум facebook на организаторот на конкурсот, 3(три) дена по крајниот рок за доставување на цртежите.
• Права на организаторот на конкурсот
Smart Invest Group го задржува правото за свои интерни потреби да ги користи пристигнатите цртежи за некомерцијални цели. Исто така го задржува правото да врши објавување/умножување/промоција за свои потреби.
• Доставување на цртежите:
Секој учесник својот цртеж треба да го достави во А4 големина во стандардна хартиена форма во затворен плик со назнака „ Конкурс за најдобар цртеж “ или во скенирана форма на contact@sigroup.mk. Секој цртеж треба да ги содржи следните генералии:
1. Име и презиме
2. Возраст
3. училиште од кое доаѓа учесникот
4. Телефон за контакт
Цртежите се доставуваат на адреса: Smart Invest Group, ул. Филип Втори Макеоднски бр.11, Скопје, со назнака за „Конкурс за најдобар цртеж“ или лично во архивата на компанијата. За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат е-маил: contact@sigroup.mk. Пријавите да се достават најдоцна до 20.10.2024 год. до 23:59 часот.
Со почит,
Smart Invest Group